Претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, на средбата предвидена да се одржи неделава во узбекистанскиот град Самарканд ќе разговараат за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан.

„За тоа прашањето ќе се разговара со Путин“, пренесуваат агенциите изјава на високопоставен претставник на турските власти кој инсистирал на анонимност.

Средбата Ердоган и Путин треба да се одржи задрутре, на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка што ќе се одржува во Узбекистан.