Палестинско момче е убиено изутринава во нови конфликти во северниот дел на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Удај Салах е погоден во главата за време на операција на израелските сили во селото Кфар Дан, недалеку од Џенин.

Три лица, двајца Палестинци и израелски офицер, загинаа вчера во размена на оган близу преминот меѓу Израел и палестинскиот град Џенин.