Европската Унија, преку портпаролот за надворешни работи, го поздрави постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан, јави дописничката на МИА од Брисел.
Договорот стапи на сила синоќа во осум часот, а ЕУ вели дека е охрабрена од фактот што тој се почитува за сега.
ЕУ и натаму ги повикува двете страни да продолжат да ја координираат хуманитарната работа, а специјалниот претставник на ЕУ, Тоиво Клар продолжува со консултации во Баку вчера, а во Ереван денес.
-ЕУ останува силно инволвирана во нормализацијата на процесот меѓу Ерменија и Азербејџан, вклучително и на највисоко ниво преку Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, соопштија од дипломатската служба на ЕУ.