Во Германија денеска е ставена во употреба најголемата термална централа, во која соларната енергија се користи за затоплување вода за потребите на блискиот град Грајфсвалд.

Централата е сместена на површина од четири хектари во североисточниот дел на земјата, на крајбрежјето на Балтичкото Море.

Државниот секретар во Министерството за економија, Мајкл Келнер, истакна дека на земјата и се потребни што повеќе такви капацитети, со цел Германија да стане што повеќе енергетски независна.

Според податоците на Германското здружение за соларна индустрија (BSW), во моментов во Германија се оперативни околу 50 големи соларни термални постројки. Речиси уште 50 се во план или во изградба, со тенденција на нивно натамошно зголемување.

Најголемите предизвици за такви големи соларни капацитети се долгите процедури за добивање одобрение за градба и обезбедувањето соодветни локации. Постројките треба да бидат блиску до крајните корисници, за да не се губи енергија при искораката топла вода.