Двеста и осумдесет пожарникари го гаснеа огнот што избувна во зграда висока над 200 метри во кинескиот град Чангша.
Зградата е во сопственост на „Чајна телеком“, една од најголемите кинески телекомуникациски компании.
Сè уште не се познати причини за пожарот во 42-катниот облакодер.
Нема информации за евентуални жртви во пожарот.
Иако „Чајна телеком“ соопшти дека поради пожарот не се во прекин телекомуникациските услуги, голем број претплатници се пожалија дека немаат сигнал.