Двајца вработени во Амбасадата на Франција во Мали вчера се уапсени во Бомако, јави дописникот на МИА.

Сè уште се непознати причините за нивното апсење.

Француското Министерство за надворешни работи веднаш презеде реципрочни мерки и ги затвори своите конзуларни служби за државјаните на Мали. Од денеска суспендирано е издавањето на француски визи за државјание на Мали. Француската амбасада и Конзулатот во Бамако се затворени.

На социјалните мрежи објавено е дека двајцата Французи се уапсени поради тоа што ја фотографирале воената база Бамако.