Со последен поздрав од британскиот кралски гајдаџија и претходно британската химна „Боже чувај го кралот“ заврши богослужбата за кралицата Елизабета Втора.

На богослужбата во Вестминистерската опатија, се пееја химни како „Господ е мојот пастир“, која се изведувала и на нејзината свадба и „Денот што ни го даде, Боже, заврши“.

Се читаа и верски псалми, а еден од нив прочита и премиерката Лиз Трас. Целата богослужба ја предводеше старешината на Вестминистерската опатија и архиепископот од Кентербери.

Потоа беше одржан и двоминутен молк.

Вестминстерската опатија, каде што е државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, е местото каде што таа беше крунисана во 1953 година и се омажи шест години претходно.