Во поплавите што сезонава го зафатија Нигер загинале 159 лица, од кои 39 се удавиле, а 121 настрадале при уривање на објекти во загрoзените подрачја.

Националната Служба за цивилна заштита соопшти дека во поплавите предизвикани од поројните дождови се уништени или оштетени повеќе од 259 илјади објекти за домување, 72 училиште, 210 складишта за жито. Поплавите однеле најмалку 700 грла добиток.

Метеоролошката служба соопшти дека до крајот на месецот се очекуваат нови обилни врнежи.