Украинската војска соопшти дека напаѓа области во регионот Луганск каде што се движат руските сили и поставуваат нова борбена линија по неодамнешното повлекување од соседен Харков.

Коментирајќи ги двата неодамнешни напади, Генералштабот на армијата соопшти дека ги потврдиле руските загуби во нападот на градот Новоаидар во Луганск, тврдејќи дека „околу 50 единици воена опрема, како и муниција, биле уништени и оштетени“.

Покрај тоа, во околината на населбата Сватове, единици на вооружените сили гаѓале област каде што има голема концентрација на непријателот, соопшти Киев и додаде дека загинале 70 отсто од лицата кои биле во објектот.

Генералштабот на украинската армија исто така тврди дека проблемите со бројот на војници меѓу Русите се зголемуваат. Украинците информираат дека Русите се обиделе да мобилизираат 500 работници од една фабрика, но не успеале. Понатаму, тие наведуваат дека на жителите на Крим им е забрането да го напуштаат полуостровот, освен ако немаат посебна дозвола. Си-Ен-Ен не нагласи дека не може да ги потврди тврдењата.

Генералштабот, исто така, соопшти дека руските сили се обидуваат да се реорганизираат по неодамнешните загуби. Генералштабот го потврди новото гранатирање на руските сили во Доњецк и Запорожје.