Кинеското Министерство за надворешни работи ги повика сите страни да се вклучат во дијалог и консултации и да најдат начин да ги решат безбедносните проблеми на сите страни, откако рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот за, како што рече, „нуклеарна уцена“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин на редовниот брифинг за медиумите рече дека позицијата на Кина за Украина е конзистентна и јасна.