Британската потсекретарка за надворешни работи Џилијан Киган во врска со делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин, рече дека тоа е „сериозна и загрижувачка закана“.
„Тоа е сериозна закана, но закана што е веќе упатена“, изјави Киган за Би-Би-Си. Таа додаде дека коментарите на Путин треба да се сфатат сериозно и повика на смиреност пред неговата закана за употреба на нуклеарно оружје.
„Некои од зборовите на крајот беа доста вознемирувачки. Тоа е нешто што треба да го сфатиме многу сериозно бидејќи, знаете, ние не контролираме. Не сум сигурна дека ниту тој има контрола. Мислам, ова е јасно ескалација“, додаде таа.
Според неа, во целото обраќање на Путин, како што рече, „можеа да се слушнат нови лаги“. „Тоа беше повторно пишување на историјата“, рече Киган.