Американската амбасадорка во Киев Бриџет Бринк ја оцени најавата на рускиот претседател Владимир Путин како знак на неуспех и нагласи дека САД ќе продолжат да го поддржуваат отпорот на Украина на руската агресија.

– Лажните референдуми и мобилизацијата се знаци на слабост, на рускиот неуспех, напиша Бринк на Твитер и додаде дека САД никогаш нема да ја признаат руската власт во наводно анектирана украинска територија.

– Ние ќе продолжиме да стоиме со Украина онолку долго колку што е потребно, наведе американската амбасадорка.