Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека воените неуспеси во војната на Русија против Украина се причина за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да мобилизира стотици илјади резервисти.
– Сето ова може да се објасни само со фактот дека рускиот напад врз Украина не е успешен, изјавил портпарол на владата во Берлин, цитирајќи го Шолц, јави ДПА.
Руската војска беше принудена да се прегрупира откако се повлече од Киев и не го постигна посакуваниот исход во источна Украина, рече портпаролот.
– Ова е видлив знак дека Украина е многу ефикасна во одбраната на сопствениот интегритет и суверенитет, не само поради огромната и голема поддршка од многу земји во светот, особено Германија, рече портпаролот.