Во Русија денеска почнаа првите протести против мобилизацијата што ја нареди претседателот Владимир Путин.

На социјалните мрежи се шират видеа од граѓани кои протестираат на истокот на земјата – во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.

Каде и да се појават демонстрантите, покрај редовната се појавува и полиција за справување со нереди, чии припадници приведуваат луѓе влечејќи ги по улиците. Веќе се споменуваат десетици уапсени, објавени се и информации за најмалку 12 лица приведени во Иркутск