Руските власти со посредство на Саудиска Арабија ослободија десет воени заробеници од Украина, меѓу кои има и Американци и Британци.
Сите се ослободени како дел од размена на воени заробеници меѓу Москва и Киев.
Самото ослободување е спроведено со лично посредство на влијателниот саудиски престолонаследник Мохамед бин Салман. Покрај петмина Британци и двајца Американци, Русија ослободила и по еден државјанин на Шведска, Хрватска и на Мароко, соопшти Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија.
Претставник на саудиските власти изјави дека ослободените воени заробеници со авион се префрлени во Саудиска Арабија.
Британската премиерка Лиз Трас го поздрави ослободувањето на британските воени заробеници.