Обединетите Нации денеска повикаа Иран да не употребува „беспотребна или премногу сила“ врз демонстрантите, кои се борат за женските права во земјата.

– Сите сме загрижени поради извештаите за пораст на бројот смртни случаи поврзани со протестите, вклучувајќи жени и деца, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.

Тој побара „брза, непристрасна и ефикасна истрага“ за смртта на 22-годишната Махса Амини, која како што се верува, е убиена од страна на полицијата за морал. Наводно, причината е тоа што не го носела хиџабот правилно.

По нејзината смрт, избувнаа протести во најмалку 46 градови и села во Иран.

Според државната телевизија, во конфликтите меѓу полицијата и демонстрантите има најмалку 41 жртва.