Британската премиерка Лиз Трас денеска во телефонски разговор го известила украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија никогаш нема да ги признае обидите на Русија за анексија на украински територии, изјави портпаролот на Трас по телефоинскиот разговор на двајцата лидери.

„Премиерката јасно стави до знаење дека Британија никогаш нема да ги признае обидите на Русија за анексија суверени територии. Таа повтори дека Украина може да смета на британската поддршка додека претседателот Путин не биде поразен”, додава портпаролот.

Трас и Зеленски меѓу другото разговарале и интензивирање на соработката и можностите за обезбедување долгорочно снабдување со гас.