Градот Форт Маерс на Флорида е „опустошен“ од ураганот „Иан“, соопшти гувернерот на американската Сојузна држава Флорида Рон ДеСантис.

Под налетот на разурнувачката бура поплавени се станбени и деловни објекти, а надојдената вода од океанот отсече цели квартови, појасни тој.

„Некои од тие области како Кејп Корал, градот Форт Маерс – се навистина уништени од ураганот“, рече ДеСантис.

„Иан“ е еден од најмоќните урагани што го погодиле југоисточниот дел на САД изминатите неколку децении.