Северна Кореја денеска лансирала две балистички ракети со кус дострел во Источното Море, соопшти јужнокорејската армија.

Од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопштија дека лансирањата биле извршени помеѓу 20:48 и 20:57 часот по локално време, од областа Сунчеон во провинцијата Јужен Пјонган.

Лансирањето е извршено откако ден претходно Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел, а потпретседателката на САД Камала Харис допатува во посета на Јужна Кореја.

Армијата на Северна Кореја изврши вежбовно лансирање балистичка ракета и во неделата.