Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на дела изработени на работилници насловени „Креативно цртање и дишење низ смеа”.
Изложени се слики во техника акрил на платно и декорирани дрвени столчиња исцртани со акрилни бои.
Изложбата ја отвори директорот на НУЦК Крива Паланка, Дарко Стоилковски.
– Сите овие дела се изработени на две последователни работилници за деца и возрасни под менторство на креативната Маја Андовска -Јокиќ. Работилниците инспирирани од модерниот, брз и динамичен ритам на живот, ги вклучија и младите и возрасните, околу триесетина лица, кои во август годинава беа дел од јога часовите и креативниот дел за цртање. Беа избоени: платна, столчиња и останати дрвени предмети, рече Стоилковски.
Изложбата ја посетија околу педесет дечиња , ученици во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски”, Крива Паланка.