Во пресрет на одбележувањето на Денот на албанската азбука – 22 Ноември, вечер од 19 часот во Музејот на албанската азбука во Битола ќе биде отворена изложбата „Албанскиот јазик – од азбука до правопис“.

Во рамки на манифестацијата „Денови на азбуката“, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје денеска ќе ја промовира книгата „Сагата на албанските букви“ од проф. д-р Агим Винца.

На Денот на албанската азбука се одбележува историски настан – одржувањето на Битолскиот конгрес во 1908 година, на кој била создадена албанската стандардизирана азбука.

Конгресот се одржувал од 14 до 22 ноември 1908 година и учествувале 32 делегати со право на глас, претставници од 26 градови и различни друштва на Албанците.

Денот на албанската азбука – 22 Ноември е неработен за албанската етничка заедница во државава.