Уметницата Бурџу Мусли денеска ја презентира првата самостојна изложба поддржана од Министерство за култура на Република Македонија.

Тема на изложбата е женските права и ќе биде отворена вечер во КСП Центар Јадро.

Бурџу Мусли е родена на 27 август 1997 во Скопје и е дипломирана сликарка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Покрај тоа што слика, се занимава со дигитална уметност, фоторафија и создава арт колажи.

Има учествувано на многу групни изложби со нејзините слики и дигитални дела и реализирано две самостојни изложби со арт-колажи од кои едната во „Младински Културен Центар“ во 2020 година, а другата во старата скопска чаршија во организацијата „Млади за Скопје“ лани.