Мал новогодишен Темплум саем се одржува од денеска до 6 декември во Галерија „Метаноја“ во Скопје.
Ова е 13. издание на Малиот новогодишен саем на книги, кој во изминатите 12 години најчесто се одржуваше во ГЕМ клубот и во МКЦ.
Годинава прв пат саемот се одржува во првата недела на декември и првпат во галеријата „Метаноја“.
Во рамки на Малиот новогодишен саем на книги, вечер во 20 часот, Темплум ќе ја додели петтата стрип наградата Лифт.
Покрај доделувањето на наградите, посетиттелите ќе можат да ја погледнат и изложбата на најдобрите стрип табли, како и да се проследи промоцијата на зборникот Стрип награда Лифт #5.