Комедијата „Самоубиство во самоодбрана“ ќе биде изведена во Центар за култура „Иљо Антески – Смок“ како заедничка соработка помеѓу Алтернативен театар „Отпишани“ Скопје и Драмското студио при Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“- Тетово. Воедно оваа претставата претставува завршна активност по повод 100 годишниот јубилеј на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“ – Тетово. Претставата ќе биде изведена на 22 декември 2022 година четврток со почеток во 19 часот.
Театарската претстава „Самоубиство во самоодбрана“ работена е според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски.
-„Самоубиство во самоодбрана“ е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите. Основната линија на дејствието се одвива на железничката станица каде што Веселин го чека возот под кој сака да се фрли. Тука, навидум случајно, се сретнува со самопрогласениот поет Горјан, и транс-жената Ева. Оваа линија е испреплетена со сеќавања од неговото минато од кои ја дознаваме причината за неговото доаѓање до оваа крајна станица. Картите се отвораат, маските паѓаат, вистината излегува на виделина, велат од Алтернативниот театар „Отпишани“-Скопје.
Сценографијата на претставта е на Ристе Мицевски. Улогите ги играат актери Алтернативен Театар „Отпишани“ – Скопје.