Хрватската далматинска клапа „Батуда“ во Битола одржа целовечерен божиќно-новогодишен концерт, кој според востановена традиција во овој период од годината го организира Македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола.

Уметниците од хрватската Општина Дуги Рат изведоа богата програма која со аплауз ја поздрави голем аудиториум, меѓу кои и амбасадорката Нивес Тигањ и градоначалникот Тони Коњановски.

-Секоја година во соработка со НУ Центар за култура-Битола организираме Божиќен и предновогодишен концерт, а оваа година на радост на љубителите на клапското пеење во нашиот град настапи далматинскиот машкиот вокален состав „Батуда“ од Дуги Рат. Се радуваме на празниците и успесите на Хрватска која од 1 јануари станува дел од шенген зоната, а хрватските фудбалери се полуфиналисти на светското првество во Катар, рече Бранко Маретиќ, претседател на МХД „Марко Марулиќ“-Битола.