Клубот на истражувачите на Народната банка денеска ќе ја одржи 45. сесија.
Како што информираат од Народна банка, на сесијата ќе биде презентиран трудот „Оценка на кредитниот јаз со примена на мултиваријационен Ходрик-Прескот филтер. Случајот на Македонија“ од Магдалена Петровска, Елена Мучева Михајловска и Артан Сулејмани. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.