Театарот за деца и младинци в понеделник премиерно ќе ја изведе претставата „Роња, ќерката на ограбувачот”. Претставата е работена според истоимениот роман на светски познатата авторка Астрит Линдгрен, во режија и драматизација на Јакуб Максимов, кој доаѓа од Чешка.

Драматург на претставата е Горјан Милошевски.

По тој повод денеска во Театарот за деца и младинци ќе се одржи прес-конференција.