Со утрешниот настан во Музејот на македонската борба во Скопје, почнува серијата информативни сесии посветени на тековните повици на програмата „Креативна Европа“ – потпрограма култура: „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“ за 2023 година.
Ќе бидат презентирани повикот за категоријата „Проекти за соработка“ на програмата Креативна Европа (култура) како и повикот за категоријата „Циркулација на европски книжевни дела“. Исто така, Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“ од Скопје ќе го претстави проектот „Музиката поврзува: Рок музиката поттикнува инклузија низ Европа“.
Своите проекти ќе ги претстават и двата културни оператори – „Бата пресс милениум“ Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка“.
Како што е најавено, серијата информативни сесии продолжува уште во четири градови – на 25 јануари во Велес, на 26 јануари во Tетово и Гостивар, а на 27 јануари ќе биде организиран информативен настан во Штип.
Организатори на информативните сесии се Министерството за култура – Одделение за Креативна Европа на ЕУ-потпрограма Култура, во соработка со Музејот на македонската борба, Театарот „Јордан Х.К.Џинот“ во Велес, Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар и Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, како и Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“, „Бата прес милениум” Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка” од Скопје.