Кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ го одложи вечерашниот концерт, поради прогласениот ден на жалост во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија, соопштија денеска од установата.

- Поради прогласениот, Ден на жалост за катастрофата и жртвите од земјотресот во Турција и Сирија се одлага вечерашниов закажан концерт. Воедно упатуваме сочувство за големата трагедија која ги погоди Турција и Сирија, наведуваат од центарот за култура.

Младинскиот оркестар требаше да одржи концерт во малата сала на установата со почеток во 20 часот.

Од НУЦК информираа дека дополнително ќе известат за терминот.