Поради уличен дефект ф 90 на улица „1“ бб во Батинци денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 11:20 часот, па до завршување на санацијата на дефектот.