Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Проекторатот на Меѓународен Балкански Универзитет Мевлудин Ибиш. На средбата, како што информираат од МТСП, се разговарало за можностите што ги нуди универзитетот како на студентите во Република Северна Македонија така и од другите држави.

На средбата се разговарало и за можноста за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Меѓународниот Балкански Универзитет со кој, како што било нагласено, ќе им зголеми полето за одржување на практична настава на студентите и ќе ги подготви за понатамошен работен ангажман.

Исто така, велат од Министерството за труд и социјална политика, на средбата било посочено дека меморандумот може да биде и во делот на унапредување на капацитетите на вработените во Министерството.