Скопјанец, е прворангиран за остварен бруто доход од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиони денари. По основ на права од индустриска сопственост на првото место исто така е граѓанин на Скопје кој остварил бруто доход во износ 5,5 милиони денари. По основ игри на среќа на скопјанец му се исплатени 41,1 милиони денари од Државната лотарија, а жител на Скопје остварил добивка од игри на среќа, главно од обложувалници во износ од 31,3 милиони денари. Највисок годишен бруто доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурана сума во износ од 2,9 милиони денари, остварило лице од Тетово.

Во категоријата „најмлад и највозрасен милионер“, посочи, лице кое во 2021 година било на осум годишна возраст остварило доход 1.020.508 денари, по основ на семејна пензија, а лице на возраст од 96 години остварило доход во износ од 1,2 милиони денари. И кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен по основ на пензија.