Утврдувањето на новиот износ на минимална плата е на дневен ред на денешната седница на Економско социјалниот совет што ќе се одржи во Владата на Република Македонија. Со седницата на Економско социјален совет ќе претседава министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. По завршувањето на седницата предвидени се изјави за медиуми на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и на министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.