По темелно истражување и анализа од страна на UNDP - united nations development programme, со наслов: Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните, во кое беа опфатени сите општини во Република Македонија, општина Бутел беше одвоена како позитивен пример за финансиско работење по мерка за граѓаните.
Во оваа прилика би сакал да истакнам голема благодарност до мојот тим и вработените во секторот финансии при општина Бутел.
Транспарентно, отчетно и одговорно работење се принципите во кои верувавме.
Граѓаните пред се.