Потпретседателот и секретарот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Петрушевски и Златко Цветковски остварија средба со Питер Шерер од Европската конфедерација на синдикати на која се разговарало за состојбите со работничките права и со проблемите со кои се соочуваат синдикатите. - ССМ изминатиот период детално информира за случувањата во Македонија, со кратењето на работничките права кое се планира да се направи со новиот Закон за работните односи, Законот за систем на платите во јавен сектор, за укинувањето на одредбите на колективните договори, за генералниот штрајк во јавниот сектор итн, информираат од ССМ. Претставникот на Европската конфедерација на синдикати бил информиран дека на седница на ЕСС е утврден новиот износ на минималната плата и дека Владата ги нема усогласено платите на нејзините вработени согласно претходниот пораст на минималната плата, а за што ССМ има поднесено тужба за дискриминација. - Питер Шерер по враќањето во ETUC ќе изготви детален извештај за состојбите во Македонија, а за што ќе се дискутира и на Извршниот комитет на ETUC кој потоа како ССМ ќе бараме да биде доставен до Европската комисија во процесот на пристапни преговори за Македонија, велат од ССМ.