Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска им исплати 80,6 милиони денари на 35 живинари за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка, а за одгледани и продадени или заклани бројлери 40 денари по пиле.
-Од оваа исплата АФПЗРР ја почнува сеопфатната исплата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството предвидени за сточарското производство. Солгасно годишниот календар, веќе се подготвени и во следните денови се очекува реализација на исплатите и за одгледувачите на говеда, овци, кози, маторици, како и за земјоделските стопанства кои поседуваат пчелни семејства. Во февруари АФПЗРР ги реалзиираше и исплатите на субвенциите до 14 830 лозаропроизводители во вредност од 597 милиони денари. Исплатени беа и субвенциите за полјоделските култури во вредност од 422,4 милиони денари до над 24 000 корисници. Реализирана беша исплатата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници до 10.987 корисници за што беа исплатени 214,7 милиони денари, наведува МЗШВ.