Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажа неделниот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 27 до 31 март зема 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - Службен весник на РМ, бр.183/18, информираат утрово од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Овие информации јавното претпријатие ги објавува во рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.