Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ денеска организираше манифестација на која беа доделени наградите за најдобри поетски творби на учесниците на „Литературниот конкурс“ за поетска творба на кој учествуваа ученици од основните училишта од тетовскиот регион. Воедно со овој настан беше одбележан и Светскиот ден на книгата и авторското право.

-На литературниот конкурс за најдобра поетска творба со Тема: Книгата – извор на знаењето прва награда на македонски јазик доби Рахела Степаноска, ученичка во ОУ„Гоце Делчев“ – Тетово со Втори награди добија учениците Теа Ристоска од ОУ „А.С. Ќиќиш“ – Тетов и Амела Исени од ОУ „Ибрахим Темо“-Стримница. Трети награди добија Емануел Петровски, Катерина Тофилоска и Медина Абдурамани. На албански јазик прва награда доби ученичката Влера Меркез, додека втора награда Лина Мемеди и Анеса Селими. Како третонаградени се Сара Рамадани, Илза Хајрули и Ерина Имери. За прв пат годинава конкураа и ученици од настава на турски јазик, при што прва награда и беше доделена на Есра Асани, втора награда на Черен Башер и трета на Амра Шаќири, информираше Мирко Видоески од Комисијата за наградување на творбите.

Пофалници и благодарници добија ученици од секое основно училиште како и менторите на пријавените. Дел од манифестацијата беше читање на пораката на генералниот директор на УНЕСКО, обраќање на претставниците на општината и изведба на музичка точка.