Полиција влезе во Комунална хигиена, камионите тргнаа да го собираат ѓубрето низ Скопје Припадници на полицијата вечерва влегоа во Јавното претпријатие (ЈП) Комунална хигиена Скопје за да овозможат камионите на ова ЈП непречено да излезат и да почнат да го собираат ѓубрето низ Скопје. Иако дел од вработените што протестираат се судрија со полицијата, сепак не дојде до поголем инцидент.

Во претпријатието беше и директорката Косана Мазнева-Николиќ, која бараше вработените да влезат во камионите и да работат, а вработените извикуваа „Оставка, оставка“.

Откако камионите излегоа, еден вработен беше изнесен со возило на Брза помош.

Поради новонастаната ситуација Кризниот штаб на Град Скопје вечерва одржува седница, по што е најавена изјава за медиумите.