Откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи објави дека „победиле“, како небаре да игра спортски натпревар а не да управува со главниот град, ситуацијата со ѓубрето во Скопје е сосема поразлична од тоа што таа го истакна.
Имено, граѓаните на неколку скопски општини се уште се сведоци на натрупаниот смет по неисчистените контејнери иако откако Арсовска и Мазнева „успешно се справија со мафијата“ поминаа скоро 24 часа.
На нејзиниот фејсбук профил, пак, Арсовска објави фотографија од неколку исчистени контејнери кои се наоѓаат пред нејзината канцеларија односно пред бараките на Град Скопје па доби коментар од граѓаните дека локацијата на нејзината канцеларија не е ниту една стотинка од Скопје.