ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопјe санкционирале 210 возачи за непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како што соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 24 до 30 јули 2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување блокатор се санкционирани 99 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани
-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопшти ЈП ПОЦ.