Во Охрид и Македонија викендот почна снимањето на документарец од новиот научен серијал „Средновековното наследство на династијата Немањичи на почвата на денешна Република Македонија“.

Стручен соработник и наратор на серијаталот е доц. д-р Јасмина Чириќ од Филолошко-уметнички факултет при Универзитетот во Крагуевац. Таа заедно со новинарката Биљана Тодоровиќ Георгиевска и екипата го посетија и Почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид.

„Во прекрасна пријателска атмосфера разговаравме дека најбитна е соработката во сферата на културата и слични вакви проекти помеѓу двете држави за поголема кохезија на заедничките културни вредности кои ги делиме низ вековите, а тоа ќе придонесе за уште поголема туристичка посетеност на регионот и за уште поголемо зацврстување во сите пори меѓу братските народи“, вели Почесниот конзул на Србија во Македонија со седиште во Охрид, Михајло Филев.

Посебна благодарност за реализацијата на првата епизода од серијалот Филев упатува до митрополитот на Дебарско-кичевска епархија МПЦ ОА – г. Тимотеј, како и до сите институции и граѓани на Македонија.