- Кутурен и информативен центар-Битола, вечер во Офицерски дом ќе промовира изложба со наслов „Македонски и канадски графичари 7х7“ подготвена од двајцата куратори, Дерек Мајкл Бесант и Владо Ѓорески.
Станува збор за културен проекти кој ние го разбираме како неизбришлив тестамент за иднината, истакна Лили Бошевска, директорка на КИЦ-Битола
-Вечерашната изложба е нашиот влог не само во институционални рамки туку најмногу како целосен и неизбришлив тестамент за иднината во која светлината на човечкото создавање единствено ќе се доближи до sвездената вечност во која и низ која единствено може да опстане нашата средина, подалеку од сите деструкции, апсурди, назадувања и безидејни себеуништувања, посочи Бошевска.
Од КИЦ-Битола информираа дека порано изложбата била организирана со формулата 7+7 уметници, а сега 7х7, како симбол на поголемо поврзување, бидејќи бројот на уметници од 14, зголемен и изнесува, 49.
Во изложбата вклучени се професори и студенти на катедрите за графика од Факултетите за ликовна уметност од Скопје, Халифакс, Монтреал, Троа Ривиер, Алберта, Едмонтон и Келона.