Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули годинава, вкупно биле потрошени 483 722 МWh електрична енергија, 28.789 мил. нм3 природен гас, 335 319 тон јаглен и 99 448 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.3 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.