На иницијатива на Ротари клубовите „Велес" и „Велес Бели мугри" и „Лајонс Клуб Велес", а со поддршка од Општина Велес, на големата сцена во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот" денеска беше изведена претставата „Тивки жртви", продукција на МДПС „Премиера" од Велес.
Претставата има четири изведби, а освен денеска ќе се прикажува и утре за сите ученици од седмо до деветто одделение преку организирани посети од велешките основните училишта.
Како што потенцираат од Општина Велес, целта на прикажување на претставата „Тивки жртви“ е во ова време кога децата од околината се изложени на многу негативни влијанија, неопходно е да ги соочиме со вистинските вредности и воедно да им го покажеме правото лице на лошите постапки
Од МДПС „Премиера“ потенцираат Сите ние сме Лана. и Матеј, и Андреј, и Јана, и Дарио, и Христина, и сите тивки жртви кои таму некаде се борат со осудувањето од околината. Сите ние сакаме да живееме во свет со разбирање и љубов, свет без булинг, исмевање и агресија, свет во кој сме повеќе од слика на социјалните мрежи.
Тие им порачуваат на децата да растат здраво, да подадат рака, секој на секого помогне, нека секој секого сака. А ние, возрасните, велат, да ви покажеме пример кој ќе го следите