Амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер денеска беше во работна посета на Неготино, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
- Ми беше особена чест и задоволство што токму општината Неготино е првата општина во Македонија што официјално ја посети новоименуваниот амбасадор Прескер кој беше придружуван од економската советничка во амбасадата Ѓуле Вишај. Покрај запознавањето со функционирањето на локалната самоуправа и основните карактеристики за општината Неготино, фокусот во разговорите со амбасадорот беше ставен на реализацијата на проектот „Жените пчелари, двигатели на позитивните промени во Македонија“, што е финансиран од Владата на Република Словенија, односно од Министерството за надворешни и Европски работи на Словенија, напиша градоначалникот на својот фејсбук профил.
Тој соопшти дека на работната средба биле присутни и претставници на Хуманитарната организација Адра, која го имплементира овој словенечки проект.
- Тие истакнаа дека од цела држава во истиот се вклучени околу 50 лица сегашни и идни пчелари, со напомена дека Неготино е лидер во проектот со 12 вклучени лица кои аплицираа за учество. Посетата заедно со амбасадорот Прескер ја искористивме да посетиме пчелар од општината, кој не запозна со процесот на производство на мед и производи од мед, по што заеднички со претставниците на амбасадата и на Адра го посетивме, разгледавме и се запознавме со функционирањето на пчелниот парк кој е лоциран во селото Вешје, информираше Стојанов.
Во рамките на работната посета на Неготино, амбасадорот се запознал и со активностите на еколошката организација „Ековита“, што исто така има рурална канцеларија во Вешје. Претседателот Сашко Тодоров, рече за МИА дека ги претставиле бројните активности за поздрава животна средина