– Општинската организација на Црвениот крст од Охрид заедно со Лајонс клубот „Десарети“ денеска започнаа со распределба на хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца, обезбедени преку активностите по повод Неделата на борба против гладта од 16 до 22 октомври.

На семејствата што во во социјален ризик им се распределени пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, обезбедени во рамки на акцијата „Помислете и на нас“.

Хуманитарната акција продолжува со прибирање доброволни прилози во прехранбени производи и парични средства од хуманите граѓани на Охрид и Дебрца, како и од општествено одговорните компании, што исто така ќе бидат искористени за набавка и подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од двете општини.

До крајот на оваа седмица во поголемите градски маркети се поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи.

Од охридскиот Црвен крст уште еднаш се упатува апел до граѓаните, компаниите, фирмите, институциите да се вклучат во хуманитарната собирна акција и согласно можностите да дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.