Граѓаните на Велес и велешко, како и сопствениците на фирми во овој регион апелираат до надлежните во ЕВН Подружница Велес претходно да ги информира дека ќе им ја ислучува струјата и од колку до колку часот навреме да бидат информирани. Тие потенцираат и се револтирани бидејќи без навремена информација дека струјата ќе им биде исклучена струјата, како последица на ненавремена информација им прегоруваат скапи електрични апарати и компјутери.

Тие посочуваат дека порано ЕВН Велес ги информира преку локалното радио и други локални медиуми, но последниве години воопшто и не се информирани кога и во колку часот ќе им биде исклучена струјата.

Тие потенцираат дека потоа кога ќе дојде висок напон на струја м а тие не се дома има многу случаи на прегорени скапи електрични апарати и компјутери.

Лидија Николовска сопственик на фирма се жали дека тие немаат службено лице со кога може комуницираат во ЕВН Подружница Велес,за овој проблем.

-За разлика од порано кога навреме не информираа за исклучување на струјата, откако ЕВН се приватизира, ние како фирми воопшто и не сме известени кога ќе биде исклучена и кога повторно ќе ни биде вклучена струјата. Поради тоа веќе со години наназад трпиме големи штети, а освен што неможеме да работиме без струја,често се случува да ни се расипат и машините па и компјутерите и тоа потоа е на наш трошок, потенцира револтирано Николовска.

Граѓаните и сопствениците на фирми од Велес и велешко апелираат до ЕВН да постави лице за односи со јавност во ЕВН Подружница Велес. Со тоа ќе имаат со кого да комуницираа и кое навреме ќе ги информира за идните прекини на електрична струја.

Тие посочуваат дека информирањето може да биде со директен контакт или меил испратен до нив или преку медиумите