- Три улици во штипското централно градско подрачје денеска се асфалтираа, а претходно беше и променета водоводната и канализациската мрежа.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов вели дека средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип.

-„Добре Радосављев“, „19. бригада“, „Карл Маркс“ се улиците коишто денес се асфалтираат на барање на жителите. Повеќе од два милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Штип за асфалтирање на овие краци од улици. Претходно се работеше на промена на одредена подземна инфраструктура којашто со годините наназад била нотирана како потреба за промена, вели Јорданов.

Според Јорданов, 2023 година е рекордна година со реализирани проекти, но тој вели дека тоа ќе биде мотив плус за идната година да го надминат и тој број.

-И оваа година да ја завршиме со рекорден број на реализирани проекти и рекорден број на асфалтирани улици, но ќе биде дополнителен мотив за нас во 2024 година да испланираме и испроектираме уште повеќе улици коишто ќе бидат рехабилитирани и на тој начин да добиеме посоодветна инфраструктура на цела територија, рече Јорданов.

Тој очекува и во наредните денови да се завршат со асфалтирање улици во неколку населби од градот.