Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година се издадени 325 одобренија за градење, што е за 12.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Предвидената вредност на објектите изнесува 7 539 575 илјади денари, што е за 47.7 % помалку во однос на истиот месец лани. Намалената вредност се должи на издаденото одобрение за градење на пругата Бељаковце – Крива Паланка во истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 80 (24.6 %) за објекти од нискоградба и 58 (17.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 325 објекти, на 175 (53.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (46.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 790 станови, со вкупна корисна површина од 71 091 м2